spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Партерно уредување на дворот на подрачното училиште во Бунарџик

Илинден: Партерно уредување на дворот на подрачното училиште во Бунарџик

Деновиве интензивно се работи на партерно уредување на училишниот двор на подрачното училиште во Бунарџик кое е во рамки на ООУ ,,Ристо Крле” – Кадино. Училишниот двор кој подолго време беше запоставен ќе биде поплочен со бекатон плочки на површина од околу 300 метри квадратни. Покрај поплочувањето со бекатон ќе биде уреден и влезот на патеката.

Увид во работните активности направија градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на училиштето, Јовче Петковски. Градоначалникот Георгиевски истакна дека Општина Илинден континуирано на  изградба и создавање на модерни услови во образованието. Тој додаде дека, оваа акција има за цел зголемување на функционалноста на дворот, каде учениците ќе имаат можност да го користат за време на одморите.

Општина Илинден континуирано работи на подобрување на училишната инфраструктура, како и осовременување и унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес во трите основни училишта.

 

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...