spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Усвоен Буџетот на Општина Илинден за 2023 година

Илинден: Усвоен Буџетот на Општина Илинден за 2023 година

Советот на Општина Илинден го усвои Буџетот за 2023 година, со вкупна вредност од 397.603.000 денари или приближно 6,4 милиони евра.

Анализата на приходите и расходите на Општината во буџетот за минатите години и планираните реални приходи  за 2023 година се земени како основа во проектирањето на Буџетот на Општина Илинден, со развојна компонента при што е применет  партиципативниот принцип на буџетирање, како и следење на реалните потреби и барања на локалната заедница при дефинирање на програмите за развој.

Посебен акцент во основниот буџет за 2023 година во износ од 138.973.000,00 денари е ставен на капиталните расходи кои завземаат 35 % од планираните средства во вкупниот буџет,  додека капиталните расходи во основниот буџет изнесуваат 56 %.

Значителен дел од капиталните расходи се планирани во програмата за изградба и реконструкција на локални улици и патишта, односно се  планира за подобрување на патната инфраструктура (изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалната патна инфраструктура), подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и во локалните економски зони и одржување на постојната патна инфраструктура. За капитални расходи во образование и детска градинка наменети се средства за реконструкција на постојните училишта, доградба на детската градинка и изградба на нов спортски терен кај средното училиште во општината.

Во делот на заштита на животната средина планирани се средства за изградба на фекална канализација и пречистителни станици, чистење на одводни канали и речни корита, одржување хигиена на јавни површини, одржување, уредување и проширување на јавните зелени површини и пошумување.

За поттикнување на заштитата на животната средина планирани се субвенции за велосипеди, инвертер клими и соларни панели. Продолжува програмата за финансиска помош за секое новороденче, субвенции за мотивација на индивидуални спортисти и културни работници, изградба на детски забавни паркови и трим патеки, реконструкција и санација на спортските терени, како и финансиска поддршка за млади претприемачи.

Значителен дел од капиталните расходи се планирани во програмата за изградба и реконструкција на локалните улици и патишта, односно се планира за подобрување на патната инфраструктура, подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и во локалните економски зони и одржување на постојната патна инфраструктура.

За капиталните расходи во образованието наменети се средства за изградба на ново училиште во општината. Голем дел од капиталните расходи се планирани и во делот на заштита на животната средина, за изградба на фекална канализација и пречистителни станици, чистење на одводни канали и речни корита, одржување чистота на јавни површини, одржување, уредување и проширување на јавни зелени површини и пошумување, како и субвенции на граѓаните за потикнување на заштита на животната средина.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...