spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Мицкоски и Стојкоски на увид во градинката „Сонце“ во Волково

Ѓорче Петров: Мицкоски и Стојкоски на увид во градинката „Сонце“ во Волково

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски извршија увид во објектот на новата градинка „Сонце“ во Волково која наскоро ќе ги отвори вратите за околу 150 дечиња кои ќе бидат поделени во 7 групи.

Вкупната површина на градинката е 1.558,86 м2, а површината на дворот е 6.161 м2. Со отворање на градинката, листата на чекање за упис на дечиња во градинка ќе се намали под 200 деца.

Во изјава за медиумите, Стојкоски нагласи дека во 2022 година завршени се градежни работи кои беа оставени недовршени од претходната локална власт. Проектот за изградба на градинката „Сонце“ во Волково е финансиран од Светска банка, преку Министерството за труд и социјална политика. Од буџетската каса одвоени се 7 милиони денари годинава со цел побрзо да се пушти во употреба овој објект.

-Успеавме да ги надминеме сите градежни проблеми во делот на потпорни ѕидови, безбедност на дечињата, кровната конструкција, санитарни јазли и системот за ладење и греење. Ги надминавме и недоразбирањата со МТСП, бидејќи цела година баравме согласности за вработувања – рече градоначалникот.

Стојкоски информираше и дека општината веќе аплицирала со проект за нова детска градинка во Дексион, а изработен е и проект за нов објект во Стопански Двор.

-Планирана е изработка на проекти за дополнителни два објекти со средства од Буџетот за 2023 година. Една градинка планирано е да биде изградена во делот на СЗ 16. На оваа локација на место каде беше планиран станбен објект, ја избришавме маркицата и исцртавме план за градинка, бидејќи тоа беше понеопходно за тој дел на Ѓорче Петров. Исто така, работиме и на уште една локација во дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“. Со носење на ДУП-от за тој дел од Ѓорче Петров дополнително ќе се придонесе за надминување на овој горлив проблем – подвлече Стојкоски.

Како што нагласи првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, не се сите во политиката исти.

-Додека некој краде, а тоа е Владата на ДУИ и СДСМ, некој работи, а тоа се градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Ние сакаме да направиме нешто повеќе за народот и државата. Тоа е основна цел на народна партија како што е ВМРО-ДПМНЕ – рече Мицкоски.

Општината активно работи на намалување на листите на чекање за упис на дечиња во градинките. Од неодамна отворени се нови капацитети во градинката „Детелинка“ каде се запишаа 100 нови дечиња. Со доаѓањето на новото раководство на општината и градинката „Росица“, во истите капацитети со реорганизација, намалена е листата од 800 на 300 дечиња. Годинава во градинките во Ѓорче Петров запишани се 1.300 деца.

 

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...