spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКавадарци: ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање за купување и инсталирање на фотонапонска електроцентрала

Кавадарци: ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање за купување и инсталирање на фотонапонска електроцентрала

Врз основа на член 50 став 16 од Законот за Локална Самоуправа (Службен весник на РМ бр.5/2002 од 29.01.2002 година), член 113 став 20 од Статутот на Општина Кавадарци (Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.8/05 ), Програмата за Локален економски развој на Општина Кавадарци за 2023 година бр.08-7742/27 од 22.12.2022 година (Сл.гласник на Општина Кавадарци бр.25/22), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на физички лица за купена и инсталирана фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија до 6kW за 2023 година  бр.08-7742/28 од 22.12.2022 година (Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.25/22), и член 4 став 1 од Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на физички лица за купување и инсталирање на фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија за 2023 година бр.08-7742/29 од 22.12.2022 година  (Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.25/22),

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК

за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на физички лица за купување и инсталирање на фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија до 6kW за 2023 година

 

  1. Опис на јавниот повик

            Со цел стимулирање на домаќинствата за користење на обновливи извори на енергија, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата, и не влијаат врз климатските промени, Општина Кавадарци доделува поединечна субвенција на физички лица кои ќе купат и инсталираат фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија од 4kW до 6kW, на објект во индивидуална сопственост, со право на сопственост или користење, за 2023 година.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при купена и инсталирана фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка, во висина до  30% од инвестицијата, но не повеќе од 90.000,00 денари, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Јавниот повик ќе трае до целосно исцрпување на финансиските средства од Буџетот на Општина Кавадарци определени за таа намена.

  1. Право на учество на јавниот повик

            Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои се граѓани на Општина Кавадарци, кои ќе купат и инсталираат фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија од денот на објавата на Јавниот повик, ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија за 2023 година, и ќе ги исполнат условите согласно овој Јавен повик.

  1. 3Услови што треба да ги исполни барателот:  

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • Да е жител на Општина Кавадарци;
  • Да нема добиено финансиски средства за купување и инсталирање на фотонапонска електроцентрала од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ);
  • Само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за добивање на надоместок;
  • Доказ за купена и инсталирана фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија со инсталирана моќност од 4kW до 6kW на објект, со датум од денот на објавувањето на јавниот повик.
  1. Постапка за користење на финансиски средства

Постапката за користење на финансиски средства се одвива во две фази:

  • Купување како ФАЗА 1 со поднесување на образец барање за субвенционирање со приложена документација од страна на барателот пред инсталирање на фотонапонска електроцентрала;
  • Инсталирање како ФАЗА 2 со дополнување на барање со приложување на доказ за уплата, од страна на барателот по поставување на фотонапонска електроцентрала.
  1. Достава на документи по јавниот повик

             Барателот во ФАЗА 1 (купување) е должен да го достави барањето со следната документација:

  • Пополнет образец за барање на субвенција кој може да се подигне во Граѓански центар во Општина Кавадарци (канцеларија бр.26), или да се обезбеди преку јавниот повик објавен на интернет страната на Општина Кавадарци во прилог на следните документи:

–     Копија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на Општина         Кавадарци;

–    Kопија од имотен лист за објектот на кој се поставува фотонапонска електроцентрала со право на сопственост на инвеститорот, а доколку се предвидува електроцентралата да се постави на индивидуален објект кој не е во сопственост на инвеститорот се доставува и договор склучен со сопственикот/сопствениците на објектот или писмена согласност за поставување на фотонапонска електроцентрала од сопственикот/сопствениците на објектот;

–   копија од основен проект;

–  Изјава дека не е корисник на субвенција за истата намена од било кој извор во Република Северна Македонија (изјавата може да се      подигне од Граѓански центар во Општина Кавадарци, или да се обезбеди преку јавниот повик објавен на интернет страна).

Барателот во ФАЗА 2 (инсталирање) е должен да го дополни барањето со следната документација:

  • Доказ во оригинал дека е извршено купувањето на фотонапонска централа за производство на електрична енергија и тоа со:

–          фискална сметка (од денот после објавувањето на Јавниот повик) или

–          фактура со извод од деловна банка или уплатница (од денот после                                објавувањето на Јавниот повик).

  • Копија од изјава заверена на нотар од изведувачот кој ја поставил фотонапоската централа за производство на електрична енергија со која под полна кривична и материјална одговорност потврдува дека фотонапонската електроцентрала е поставена согласно основниот проект;
  • Фотокопија од трансакциска сметка на барателот.

 Временскиот период од првата до втората фаза односно од поднесувањето на барањето до дополнувањето на истото не треба да надмине повеќе од 4 месеци од денот на прием во архива, најдоцна до 01.12.2023 година.

Спротивно барањето ќе биде отфрлено поради неисполнување на утврдениот рок.

Некомплетните барања нема да бидат предмет на понатамошна постапка.

 Горенаведената документација барателот ја поднесува во Архивата на Општина Кавадарци, со адреса ул.Плоштад Маршал Тито бб Кавадарци, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, во затворен плик одделно за секоја фаза од постапката, до Комисија за спроведување на јавниот повик.

Пликот да е со назнака “ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА ЗА КУПУВАЊЕ И ИНСТАЛИРАЊЕ НА ФОТОНАПОНСКА ЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛА”.

На барателот со доставувањето на пликот во архива ќе му биде издаден архивски број.

Архивата на Општина Кавадарци примените барања ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. 6. Начин на спроведување на Јавниот повик

            Јавниот повик го распишува Комисија за спроведување на јавен повик, формирана од Градоначалникот на Општина Кавадарци

Комисијата за спроведување на јавниот повик ги разгледува пристигнатите барања и документацијата во прилог, со цел да утврди дали истите се уредни и комплетни.

При неуредна документација, Комисијата го известува барателот на писмено да го дополни барањето во рок од 5 дена, спротивно донесува Решение за одбивање на барањето.

При уредна документација, Комисијата го известува барателот дека ги исполнува условите за субвенционирање во ФАЗА 1 од Јавниот повик.

Комисијата има надлежност и е должна да изврши увид на терен во првиот и вториот дел од постапката, како и да изготви записник и фотодокументација во прилог на истото.

При спроведување на постапката, согласно динамиката, јавноста ќе биде континуирано известувана за степенот на искористување на предвидените средства, односно за износот на преостанати средства, на веб страната на Општина Кавадарци.

  1. 7. Начин на остварување на правото на надоместок.

Врз основа на доставената документација и спроведената постапка, Комисијата за спроведување на јавниот повик го утврдува исполнувањето на условите, и изготвува предлог Одлука за субвенционирање до Совет на Општина Кавадарци.

Советот на Oпштина Кавадарци на предлог на Комисијата за субвенционирање донесува Одлука за одобрување на барање за субвенционирање на физички лица за купување и инсталирање на електрична фотонапонска електроцентрала.

Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, со изготвување на Решение за исплата по претходно донесена на Одлука од страна на Совет на Општина Кавадарци, според редот на пристигнати барања, се до исцрпување на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2023 година, определени за намената.

Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Кавадарци.

              Јавниот повик ќе трае до целосно исцрпување на финансиските средства од Буџетот на Општина Кавадарци определени за таа намена.

Јавниот повик e објавен на веб страната на Општина Кавадарци https://kavadarci.gov.mk/, огласната табла во Општина Кавадарци и во електронски медиуми.

                                                                                                                        

         

 

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...