Министерството за образование и наука информира дека Министерството за надворешни работи на Романија започна програма за стипендирање на странски државјани за академската 2023/2024 година.
Стипендиите ќе бидат наменети за странските државјани кои доаѓаат од земјите кои не се членки на ЕУ, за додипломски, магистерски и докторски студии од сите области, со исклучок на медицина, стоматологија и фармација.
Сите потребни информации за овие стипендии заинтересираните кандидати можат да ги најдат на официјалната веб-страница на Министерството за надворешни работи на Романија: https://www.mae.ro/en/node/10251
Апликациите за овие стипендии се доставуваат во електронска форма, најдоцна до 01 март 2023 година, на следнава веб-страница:
https://scholarships.studyinromania.gov.ro/