spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Наша амбиција е членство во ЕУ до 2030

МНР: Наша амбиција е членство во ЕУ до 2030

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари работна средба со шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир.

Во фокус на разговорите беше соработката меѓу ОБСЕ, со која актуелно претседаваме, и ЕУ, вклучително и потребата од поблиска координација во дадениот чувствителен геополитички контекст. Министерот Османи го брифираше евроамбасадорот за неодамнешната посета на Киев и средбите со украинскиот државен врв. Во таа смисла, најави посета на Брисел кон крајот на месецот, каде во својство на претседавач со ОБСЕ, ќе се сретне со челниците на институциите на ЕУ, при што централна тема на разговор ќе биде Украина.

Соговорниците разменија мислења и околу европското досие на Северна Македонија, односно реформската агенда под лупа на отпочнатите преговори за членство во Европската Унија. Во тој контекст, амбасадорот Гир ги предочи позитивните сигнали од Европската комисија за нивото на подготвеност на нашата администрација и одличниот старт на скрининг процесот. Воедно укажа на важноста од усвојување на најавените уставни измени, за што е потребна искрена политичка волја и проевропски курс од сите политички фактори во државата.

Министерот Османи се осврна на актуелниот моментум кој не смее да се пропушти во однос на евроинтегративниот процес, како гаранција за долгорочна стабилност, економски развој и консолидација на правната држава.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...