spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Благодарност до сите учесници на Генералка викенд

Велес: Благодарност до сите учесници на Генералка викенд

Како поттик за волонтерите од сите генерации кои во изминатиот период учествуваа во еколошките акции во градот, Општина Велес им изрази јавна благодарност.

Во просториите на Општина Велес, претставници на одделението на животна средина им доделија благодарници на учесниците во активностите на проектот „Зелена сончева:Генералка викенд“.

Во рамките на проектот се одржаа акции за чистење на дворните површини на сите училишта и градинката, островчето на река Вардар и крајбрежниот зелен појас на река Бабуна. На секои десет килограми собран отпад се засадија од 25.000 до 30.000 нови садници покрај езерото Младост.

Во еколошките акции учествуваа децата од Детската градинка, учениците од основните и средните училишта, јавниот сектор и граѓанските организации.

Овој проект се спроведе на подрачјето на општината во орагнизација на компанијата „Мен енд маунтен“ поддржани од Општина Велес, ЈКП Дервен, министерствата за животна средина, одбрана, земјоделство како и ЈП Национални шуми и Пивара Скопје.

 

 

Извор: Општина Велес 

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...