spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Започна изградба на повеќе од 7 километри нова мрежа на...

Гази Баба: Започна изградба на повеќе од 7 километри нова мрежа на фекална канализација

Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со советниците од Советот на општина Гази Баба и голем број на граѓани означија старт на градежните работи на четири нови проекти.

Започната е изградбата на четвртата фаза на фекална канализација во Чукур Маало – Трубарево, инвестиција вредна над 6.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општина Гази Баба.

Во населеното место Смилковци, исто така започнавме со изградба последната фаза од фекалната канализација, инвестиција вредна 8.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општина Гази Баба. По завршување на оваа фаза, секое семејство во Смилковци ќе има фекална канализација.

Дополнително се гради пешачката патека Колонија – Јурумлери на регионалниот пат.

А во завршна фаза се и градежните активности за асфалтирање на улица 5 во Брњарци.

Извор: Општина Гази Баба 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...