spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски избран за нов претседател на ЗЕЛС

Кисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски избран за нов претседател на ЗЕЛС

Управниот одбор на ЗЕЛС доби нов Претседател. На единствен предлог од членовите на УО, Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со големо мнозинство беше избран да го раководи ова тело во наредните три години.

 

-Денес, мнозинството на членови на Управниот одбор на ЗЕЛС, го даде својот глас и донесе одлука да ме избере за нов претседател на ЗЕЛС, заедницата што ги обединува сите 81 општина во Македонија. Пред се’, сакам да им се заблагодарам на членовите на УО на ЗЕЛС за укажаната доверба и за тоа што во мене препознаа човек кој ќе се залага за поголема стабилност на општините и нивна поголема независност во финансиска смисла. Оттука сакам да потенцирам дека во периодот што е пред нас, силно ќе се залагам за носење на квалитетни одлуки, за поголема децентрализација во духот на демократските процеси, за подеднаков развој на сите единици на локалната самоуправа без разлика на политичката припадност на нивните раководства, од што, секако, најголем бенефит ќе имаат нашите граѓани. Воедно, сакам да се заблагодарам за досегашниот ангжманот на сега веќе поранешниот Претседател на ЗЕЛС, градоначалничката Данела Арсовска-изјави новиот Претседател на ЗЕЛС, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...