spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКуманово: Ревија на народни носии – Етно фолк студио

Куманово: Ревија на народни носии – Етно фолк студио

Трето издание на ревија на народни носии во организација на Етно фолк студио ( Центар за истражување и одржување на традиција) од Куманово, со поддршка на Општината се одржа во салата на Занаетчиски дом во нашиот град.

На сцената беа прикажани носии од разни националности и етнички заедници, кои го отсликуваат културно – историското богатство на кумановскиот крај.
Ревијата беше проткаена со песна и игра од членовите на Етно фолк студио, кое одбележува мал јубилеј – пет години од своето постоење.


На културно – уметничката вечер присуствуваа претседателката и членови на Советот на Општина Куманово.

 

 

Извор: Општина Куманово 

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје продолжува со реализација на првата фаза на големиот проект за изградба на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска, која опфаќа и нова водоводна...