spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Стефковски обезбеди донација за Здружението за лица со посебни потреби...

Гази Баба: Стефковски обезбеди донација за Здружението за лица со посебни потреби СОС ВИТА

Донација од 20 едноставни инвалидски колички, 5 помошни помагала, патерици за лица со посебни потреби и 5 седишта за бања обезбеди градоначалникот Бобан Стефковски за Здружението за лица со посебни потреби СОС ВИТА. Денес тој оствари и средба со претседателот на ова Здружение, Ертан Шакир.

Благодарение на Здружението за лица со посебни потреби СОС ВИТА обезбедена е донација на инвалидски колички, седишта за бања, помошни помагала и патерици кои се наменети за лицата со посебни потреби од општина Гази Баба.

Во следниот период ќе направиме мапирање на лицата со посебни потреби и истите ќе ги посетиме со цел да им овозможиме полесно да ги реализираат своите секојдневни потреби.

Општина Гази Баба се грижи за сите ранливи категории на граѓани. Нашата помош и поддршка ќе ја имаат сите оние на кои тоа ќе им биде потребно.

Извор: Општина Гази Баба 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...