spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПетровец: Пуштена во употреба пешачко-велосипедската патека Петровец-Ржаничино

Петровец: Пуштена во употреба пешачко-велосипедската патека Петровец-Ржаничино

Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски свечено, со сечење на лента ја пушти во употреба пешачко-велосипедската патека која ги поврзува двете најголеми населени места во Општина Петровец – Петровец и Ржаничино.

 

На оваа свеченост присуствуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, пратеничката во Собранието на Република Македонија – Марија Петрушевска, претседателот на совет на Општина Петровец – Блаже Никчевски, советниците од Советот на Општина Петровец како и голем број на претставници на бизнис секторот и жители од општината. Пешачко-велосипедската патека е во должина од 2050 метри и ширина од 3 метри.

Финансиските средства во износ од 23.000.000 денари во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.

Општина Петровец продолжува со инвестирање во инфраструктурните проекти се со една цел, подобрување на животот на жителите во сите населени места.

 

 

 

 

Извор: Општина Петровец 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...