spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Јавен повик за Медицинска помош за Република Туркије

МЗ: Јавен повик за Медицинска помош за Република Туркије

Колеги здравствени работници,

Ве повикувам сите кои сте подготвени да учествувате во тековните хуманитарни активности во Република Туркије по разорниот земјотрес.

Вашето знаење и искуство во областа на медицината се непроценливи, а секоја помош во вакви случаи е добредојдена.

Доколку сте заинтересирани да учествувате, пополнете го формуларот на линкот подолу, а ние ќе обезбедиме дополнителна логистика.

Ве повикувам да ни се придружите и да ја покажеме нашата солидарност и знаење со цел да им помогнеме на тие на кои им е навистина потребно.

Dr. Bekim Sali

Линк до формулар за пријавување интерес:

https://forms.gle/yCoUfbj7kEcBrE7r8

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

МЗ: Кампања „Спринт за имунизација“

0
Седумдесет тимови на доктори и медицински сестри, изминатата недела се на терен и веќе посетија над 3.000 семејства на невакцинирани деца во рамките на...