spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБогданци: Унапредување на средното стручно образование „Учи паметно работи стручно“

Богданци: Унапредување на средното стручно образование „Учи паметно работи стручно“

На ден  09.02.2023 година, во Домот на култура „Бранд Петрушев“- Богданци, општината заедно со СОУ „Богданци“ –Богданци одржаа настан, „Учи паметно работи стручно“ поддржан од Министерството за образование и наука.

На овој настан беа поканети и присуствуваа претставници од локалните компании, пратеничката Драгица Ѓавочанова, родители, наставници и директори на воспитно-образовни институции од општината, како и други заинтересирани граѓани.

Целта на оваа панел дискусија беше утврдување на потребите на стопанството и локалниот пазар на труд, недостигот на квалификуван стручен кадар во компаниите и можноста да се одговори на ваквите потреби.

Во изминатите години како општина ги следиме потребите и интересите како на учениците, така и на компаниите со воведување на нови струки и образовни профили.

 

 

 

 

Извор: Општина Богданци 

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...