spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Најава за реконструкција на ул. „Радишанска“

Град Скопје: Најава за реконструкција на ул. „Радишанска“

Градот Скопје во континуитет ги реализира проектите од програмата избрана од граѓаните, која содржи клучни барања за подобрување на градската инфраструктура.

Со исполнување на ветувањето за целосна реконструкција на една од најважните сообраќајници под надлежност на Град Скопје во општината Бутел, улицата „Радишанска“ се обновува во должина од 1.100 метри.

Го реконструираме коловозот на улицата на површина од 7.363 м2, рабниците и тротоарите, а граѓаните од овој дел на градот, ќе добијат соодветно партерно уредување и реконструкција на последната автобуска постојка на линијата број 57.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

МЕП: Муртезани во ЕП на средби со европратениците Ројтен и Тонин

0
Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, на првиот ден од работната посета на Брисел, оствари средби со европратениците Тајс Ројтен...