Управувањето со парите и финансиската одржливост се важен дел од нашиот секојдневен живот. Личните финансии се лична одговорност на секој од нас. Затоа финансиската писменост е корисна за оние кои сакаат да научат како одговорно да управуваат со своите парични средства. Во одреден момент сите ние може да се најдеме во ситуација кога имаме потреба од дополнителни парични средства заради задоволување на тековни потреби. Доколку не располагаме со тие средства, наједноставното решение е да позајмиме средства од специјализирана финансиска институција. Се поставува прашањето, како да направиме селекција и како да бидеме сигурни дека сме го направиле вистинскиот избор? На што треба да внимаваме?
Прво, пред да донесете одлука при избор на финансиската институција од која ќе позајмите треба да добиете одговор на неколку прашања поврзани за таа цел.
- Секогаш барајте да добиете комплетни информации за кредитирањето на јасен и едноставен јазик. Информирајте се за висината на каматната стапка, како и за висината на административните трошоци и провизии кои се неопходни за разгледување и одобрување на вашата апликација за кредит. Тие можат да направат значителна разлика во однос на висината на износот на кредитот кој ќе го земете и износот кој треба да го вратите.
- Одберете финансиско друштво или институција која навистина се грижи за потребите на своите клиенти, има добра корисничка поддршка и достапност 24/7 за своите корисници.
- Грижете се за своите лични податоци – Законот за заштита на личните податоци му дава право на секој граѓанин да знае кои лични податоци правните лица ги собираат, обработуваат и чуваат за него. За да не претрпите сериозни последици како кражба на идентитет, финансиска штета или нарушување на угледот, секогаш размислете двапати пред да ги објавите или споделите со трета страна вашите лични податоци на интернет, на пример фотографии, лична карта, трансакциска сметка. Вашите лични податоци се од непроценлива вредност.
- Користете сигурни и официјални канали за комуникација со финансиската институција од која ќе донесете одлука за позајмување парични стредства: официјална веб страница на друштвото и контакт телефон, мобилна апликација на друштвото, официјална страница на социјалните медиуми и слично.
ИутеКредит Македонија ви овозможува исплата на кеш кредит за само 10 минути за износи до 250 000 ден. и можност за отплата до 48 рати. Aплицирајте за кредит на www.iutecredit.mk, преку мобилната апликација MyIute, на контакт телефонот 13 333 или во една од нашите експозитури.
Извор: ИутеКредит Македонија