spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСајбер нападите изминатава година се поврзани со војната во Украина, Северна Македонија...

Сајбер нападите изминатава година се поврзани со војната во Украина, Северна Македонија не е единствена цел

Премиерот Димитар Ковачевски, во интервју за државната агенција МИА, за време на Минхенската безбедносна конференција, меѓу другото, зборуваше и за сајбер нападите со кои се соочуваме изминатиот период. На прашањето дали постои взаемна поврзаност меѓу сајбер нападите, дојавите за бомби, како и нивна евентуална поврзаност со војната во Украина, премиерот одговори:

„Апсолутно се поврзани со војната којашто се води во Украина бидејќи пред тоа не постоеа. Второ, хибридната војна којашто се води и којашто вклучува сајбер напади, којашто вклучува хакерски напади, којашто вклучува дезинформации, практично е нов начин на војување којшто досега не е виден. Тоа има неколку цели: прво да направи блокада на клучни витални системи во држави кои се членки на НАТО, на ЕУ, коишто се западно определени. Второ, да внесе немир кај граѓаните бидејќи се напаѓаат системи коишто опслужувааат голем број на граѓани и трето да направат еден систем на дезинформации во државите коишто на крајот од денот оди во насока и корист само на оние коишто не сакаат да го видат нашиот регион конкретно да биде дел од ЕУ или да биде дел од НАТО“, оцени премиерот за МИА. Во интервјуто тој посебно го коментираше нападот врз Фондот за здравство.

„Во случајот со Фондот за здравство работат експерти од нашата држава заедно со експерти на земји членки на НАТО кои се врвни експерти.

Личните податоци на граѓаните, што се однесува на нивните медицински досиеја, тие се заштитени внатре во системите на Фондот, меѓутоа, другите активни системи на софтверите кои се користат се под сајбер напад. Јас го разбирам револтот на здравствените работници.

Прво имаше информации дека немало пари во буџетот. Пари во буџетот има и во Фондот за здравство и во централниот буџет, меѓутоа со оглед на начинот на кој се исплаќаат платите и со оглед на сајбер нападот кој што се случува, тоа не беше возможно да се направи во изминатите денови“, изјави премиерот Ковачевски за МИА.

Тој уверува дека и овој проблем ќе се реши.

„Ние работевме заедно со Министерството за финансии и со вработените во трезорот. Сакам да истакнам нешто друго, а тоа е дека кога беше корона кризата, нашите херои беа докторите и сите ние имавме апсолутно разбирање за нив и сите пофални зборови им ги дававме на начинот со којшто со натчовечки напор со 24 часовна работа се справуваа со кризата и им помагаа на граѓаните. Денес, при овие сајбер напади и при оваа хибридна војна, повторно има луѓе кои 24 часа работат. Тоа се ИТ инженери, коишто работат во институциите. Ние, исто така, имаме формирано и специјален тим во МВР, во којшто учествуваат ИТ инжинери од Агенција за разузнавање и од Агенција за национална безбедност. Тие луѓе имаат имиња и презимиња, но ние не ги знаеме бидејќи никогаш немале можност да бидат дел јавна дискусија од медиуми. Меѓутоа, и тие работат 24 часа на ден. И тие имаат свои семејства кои не ги виделе, и јас ќе се потрудам лично на еден од наредните јубилеи кои нашата држава ги слави, барем еден од нив да биде награден со државна награда во име на сите нив, кои 24 часа работат за да ги заштитат и одблокираат ситемите кои се под сајбер напади“, рече премиерот Ковачевски во интервју за државната агенција МИА, апелирајќи до граѓаните на смиреност.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...