На ден 21.02.2023 год. (вторник) Општина Карпош – Сектор Инспекторат во соработка со Град Скопје и Полициска станица Карпош, ќе спроведе заедничка акција во УЗ ЗЛОКУЌАНИ И УЗ БАРДОВЦИ.
Целта на акцијата е согласно Закон за јавна чистота да се отстранат сите возила кои не се во возна состојба, предмети кои ја загадуваат околината, картони, пластични амбалажи, шут и сл.
За таа цел, Ве ИНФОРМИРАМЕ во најкраток можен рок да ги подигнете сите предмети кои се во ваша сопственост во спротивно ќе се постапи согласно законските регулативи.
Извор: Општина Карпош