Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка.
Меморандумот беше потпишан од страна на претседателката на ДКСК Билјана Ивановска и Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески.
Целта на Меморандумот е да се унапреди и зајакне соработката меѓу двете институции за работи од заеднички интерес поврзани со законски утврдените надлежности.
Со Меморандумот се превдидува зајакнување на соработката меѓу двете институции преку навремена, непосредна и взаемна комуникација која ќе обезбеди размена на суштествени податоци и информации, поврзани со наоди содржани во предметите по кои постапува Државната комисија за спречување на корупцијата, а за кои се доставува иницијатива за поведување постапка за кривично гонење до надлежно јавно обвинителство како и преку подготовка на заеднички проекти за унапредување на меѓуинституционалната соработка.
Со Меморандумот е предвидено двете институции да номинираат лица задолжени за меѓусебна ефикасна и ефективна комуникација.
На чинот на потпишување на Меморандумот обострано беше изразено задоволството од попишување на истиот со надеж дека ќе се придонесе за интензивирање на соработката а во насока на остварување на заедничката цел односно поефикасна борба со корупцијата во Република Северна Македонија.