spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Час за работата на општина Ѓорче Петров за учениците во...

Ѓорче Петров: Час за работата на општина Ѓорче Петров за учениците во ООУ „Страшо Пинџур“

Градоначалникот Александар Стојкоски присуствуваше на час во ООУ „Страшо Пинџур“ во три класа од 4-то одделение и еден клас од 3-то одделение кои учеа за работата на општината.

Децата споделија со Стојкоски одлични идеи и беа доста информирани во однос на работата на локалната самоуправа.

-Во училиштето во кое јас го поминав моето основно образование секогаш ми навираат убави спомени од детските денови. Сега, од позиција на градоначалник, заедно со мојата администрација, а во соработка со директорите, правиме секојдневни напори за подобрување на состојбите во образовните институции – им се обрати Стојкоски на присутните.

Нашите деца се наши идни амбасадори и наша гордост, додаде Стојкоски, и нема дилема кога станува збор за нивното подобро секојдневие.

-Имаме проекции на одлични проекти и продолжуваме во насока на реализација на целите во областа на образованието – подвлече градоначалникот.

 

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Мицкоски: Секогаш кога ќе се помине црвената линија ќе реагираме, денеска...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со непоставувањето на македонското знаме во Бугарија, изјави „во...