spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Се асфалтираат ,,Димо Хаџи Димов” и ,,Марко Орешковиќ”

Кисела Вода: Се асфалтираат ,,Димо Хаџи Димов” и ,,Марко Орешковиќ”

Завршуваат градежните активности за санација на улиците ,,Димо Хаџи Димов” и ,,Марко Орешковиќ”. Денес се асфалтираат овие две улици во урбаната заедница Кисела Вода кои иако се доста фреквентни, не беа обновени години наназад, онезвозможувајќи комодитет при нивното користење.

 

Градоначалникот Ѓорѓиевски кој денес присуствуваше на завршните градежни активности им се заблагодари на жителите за трпението и разбирањето додека се одвиваше санацијата и најави дека градежната офанзива за обнова на патната инфраструктура ќе продолжи и во сите останати урбани и месни заедници.

-Денес, нов асфалт добиваат краците од ул. ,,Димо Хаџи Димов” и ,,Марко Орешковиќ”! Овие се доста фрекфентни улици со површина од околу 2500м2 на кои одамна не е интервенирано, а жителите секојдневно ги користат за извршување на своите секојдневни обврски. Пред сѐ, сакам искрено да се заблагодарам на мојот народ за трпението и разбирањето во изминатиот период додека овие краци беа во фаза на реконструкција. Свесен сум дека работните активности додаваа дополнителна доза на нетрпеливост, но крајот од денот сѐ се заврши добро и во иднина нема да ги имаат проблемите од минатото. Ние тука не застануваме, нашите заложби за модерна и напредна општина по мерка на моите сограѓани продолжуваат и во тоа ќе успееме заеднички-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

ДКСК: Одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата

0
Државната комисија за спречување на корупцијата, денес, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, заедно со партнерите од Проектот на УСАИД...