spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Распишан оглас за финансиска поддршка на уметници, културни работници и...

Кисела Вода: Распишан оглас за финансиска поддршка на уметници, културни работници и здруженија од локално значење во културата

Уметници, културни работници и здруженија на граѓани кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата, од денес можат да апицираат на објавениот конкурс за финансиска поддршка од страна на Општина Кисела Вода.

 

 

Буџетот кој е издвоен за оваа намена е во висина од 1.6 милиони денари и има за цел да го поттикне создавањето на ново творештво, да стимулира иновативност и креативност, да помогне во развојот на младите уметници, да промовира домашни, меѓународни проекти и активности за вмрежувања, соработки и партнерски проекти, кои придонесуваат кон позиционирањето на Општина Кисела Вода во европските вредности и перспективи. Ова се дел од приоритетите кои ќе бидат вреднувани од страна на комисијата за евалуација, по што ќе врши изборот од пристигнатите апликации по јавниот оглас. Основните критериуми што треба да се исполнат од страна на сите уметници, културни работници и здруженија на граѓани се да се жители на општина Кисела Вода, во последните три години да имаат реализирано или учествувано во реализација на најмалку 3 проекти од областа на културата, а реализацијата на предложениот проект да биде на територијата на општината или да се однесува и да придонесува за афирмација на Oпштина Кисела Вода.

Рокот за пријавување започнува од денес, 24.02.2023 година и трае 15 работни дена, односно заклучно до 16.03.2023 година до 20.00 часот. Пријавите со целокупната документација се доставуваат лично или по пошта на адреса: Општина Кисела Вода, ул. “Петар Делјан” бр. 17 или во архивата на општината со назнака: Пријава за јавен оглас за финансиска поддршка на уметници, културни работници и здруженија на граѓани кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во Општина Кисела Вода – Комисија. Сите услови, критериуми, како и пријавата и образецот со упатство за пополнување се достапни на веб-страната на општината: http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/2-uncategorised/3545-2023-02-24-07-03-36

Во насока на обезбедување на што поголема транспарентност и поголем квалитет на проектите кои ќе бидат финансиски поддржани, Општина Кисела Вода пред десетина дена на информативна сесија пред културните работници го претстави предлог документот за овој конкурс, како и стратегијата за култура, по што тие можеа да учествуват со свои предлози и идеи од кои дел се вметнати во финалниот документ.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...