HomeОпштиниБерово: Вработените проследија сесија за подобрување на внатрешната комуникација

Берово: Вработените проследија сесија за подобрување на внатрешната комуникација

spot_img
spot_img
Во рамки на Проект на УСАИД, за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, денеска  вработените во Општина Берово, заедно со Градоначалникот,  проследија сесија за подобрување на внатрешната комуникација и проток на информации.
Во рамките на сесијата, беа продискутирани тековните предизвици поврзани со протокот на информации и документи во општинската администрација, дефинирани се препораки за подобрување и зајакнување на соработката меѓу одделенијата во општината, како и меѓу општинските службеници на различни нивоа.
Разговарано е како може да биде поефикасна внатрешната комуникација и за тоа колку е важна тимската работа и споделување на тимските вредности и дадени се предлози за надминување на идентификуваните предизвици.
Од страна на Специјалистот за градење на капацитети, Контрактор на УСАИД, д-р Вирна Манасиева-Герасимова, беа презентирани можните решенија, за подобрување на внатрешната комуникација.
Благодарност до УСАИД, што ни овозможува преку реализацијата на вакви проекти, да ги зајакнуваме капацитетите за искористување на ресурсите и да ги унапредуваме состојбите на локално ниво-истакна Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија