HomeОпштиниЦентар: Герасимовски - Поради голем интерес, продолжен рокот за закажување на бесплатни...

Центар: Герасимовски – Поради голем интерес, продолжен рокот за закажување на бесплатни стоматолошки услуги за пензионери

На барање на пензионерите се продолжува терминот за закажување бесплатни стоматолошки услуги кои Општина Центар неодамна ги воведе во соработка со Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје Стоматолошки Факултет – Скопје. Пензионерите ќе може да закажуваат термини за бесплатни стоматолошки прегледи на телефонскиот број 071/223 320 секој работен ден од 8:00 до 14:00 часот. На овие стоматолошки прегледи пензионерите ќе добијат нов датум кога бидат извршени бесплатните стоматолошки услуги во зависност од потребата на корисникот.

„Бесплатните стоматолошки услуги кои ги воведовме неодамна наидоа на голем интерес кај пензионерите. Верувам дека оваа услуга има голем бенефит кај нашите повозрасни сограѓани како од здравствен така и од финансиски. Во ек на економска криза и ниски пензии бесплатните стоматолошки прегледи се од големо значење затоа што овозможуваат интервенции без да ги наплатат стоматолошките услуги и користени материјали. Затоа ги повикувам заинтересираните да се јават на телефонскиот број и да го закажат својот термин за преглед“, порача Герасимовски.

Бесплатните стоматолошки услуги Општина Центар ги спроведува во рамки на проектот „Дејствувај за подобро орално здравје“. Општината со воведување на бесплатните стоматолошки прегледи за пензионерите воведе и бесплатни стоматолошки услуги за  децата од градинките кои доаѓаат од семејства во социјален ризик, а дополнително овие услуги ги користат и учениците од социјално загрозени семејства од сите основни училишта во Општината.

Општина Центар продолжува да вложува во проекти кои го подобруваат здравјето и живеењето на граѓаните.

 

 

Извор: Општина Центар

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Аеродром: Јавен повик за пријавување на штети од силното невреме

0
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на...