Заменикот на министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски се обрати на 13-тата работилница на Работната група за сајбер безбедност на критична инфраструктура (CICWG), во организација на МИОА, со поддршка на УСАИД.
Станува збор за работна група составена од претставници од сите релевантни национални институционални чинители, која континуирано се состанува и каде што на редовна основа се разговара за најистакнатите прашања за сајбер безбедноста, за активностите и потребите на земјата
,,Највисок приоритет на Министерството за информатичко општество и администрација е дигитализацијата со фокус на сајбер безбедноста. Од исклучителна важност за нас во наредниот период, ќе биде да работиме со своите партнери за постигнување одржливи цели на ова поле. Меѓу активностиte е и формирањето на Агенција за дигитализација до крајот на годинава, со што ќе ги забрзаме процесите и во однос на сајбер безбедноста и на дигитализацијата. Во таа смисла, оваа работна група (CICWG) е од големо значење за нас“, истакна Бајдевски.
Во текот на изминатата година и половина, од основањето на Работната група за сајбер безбедност на критична инфраструктура (CICWG) , беа опфатени многу значајни теми: правната и регулаторната рамка за сајбер безбедност, стратегијата, важноста на регулативата за сајбер безбедноста и потребата од воспоставување на национално тело надлежно за сајбер безбедност, како и дефинирањето на секторите и регулаторите за критична информациска инфраструктура.
Акцентот на оваа работилница е ставен на запознавање на членовите на CICWG во однос на активностите кои се спроведуваат во секторот Енергетика, придобивките од потенцијалните соработки и дискусии за идните активности.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација