Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу оствари работна средба со Николче Бабовски – Директор на Агенција за храна и ветеринарство, на која што се разговараше за продлабочување на соработката.
Соговорниците се согласија дека дигитализацијата е меѓу приоритетните цели и во таа смисла, унапредувањето на интероперабилноста.
Зголемувањето на бројот на електронски услуги и размената на податоци преку платформата за интероперабилност носи многу придобивки и е битен елемент што придонесува за поголема достапност на институциите кон граѓаните и компаниите.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација