spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Директорот Мојсовски оствари средба со специјалниот пратеник Сарацин и раководителот на...

АМС: Директорот Мојсовски оствари средба со специјалниот пратеник Сарацин и раководителот на сектор за Западен Балкан г-ѓа Кристијане Хулман

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски оствари средба со Мануел Сарацин, специјален претставник на германската влада за Западен Балкан и г-ѓа Кристијане Хулман , раководител на сектор за Западен Балкан .со актуелната состојба на RYKO, потенцирајќи дека Агенција за млади и спорт како институција активно придонесува во работата и развојот на RYCO како производ на Берлинскиот процес и ќе продолжи во иднина да дава придонес во афирмација на RYCO и приближување до младите.

Сарацин ја нагласи важноста и потребата младинското учество да се зголемува и да овозможува младите да бидат вклучени во процесите но ја потенцира и важноста на RYCO како производ на Берлинскиот процес, каде Германија се јавува како иницијатор за негово формирање.

На средбата присуствува и Милан Живковиќ од Канцеларијата на Претседателот на Владата кој кажа дека Владата посветува сериозно внимание и силно го поддржува RYKO и неговото функционирање.

Директорот Мојсовски, како претставник на Владата на РСМ во Управниот одбор на RYCO, потенцираше за важноста на процесот кој периодов се финализира а се однесува на функционалноста на Секретаријатот на RYCO во Тирана, Р. Албанија и локалните канцеларии во Западен Балкан. Со тоа ќе се овозможи не само подобра координираност, туку и поставување на цврсти темели за иднината на соработката на младите од регионот кои ги споделуваат вредностите на Европската Унија.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте