spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДКСК: Работилница за сајбер безбедност

ДКСК: Работилница за сајбер безбедност

На 16-март се одржа работилница за сајбер безбедност за вработените во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата, во организација на Здружение ИМПЕТУС – Центар за интернет, развој и добро управување, а со поддршка на Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој при Обединетото Кралство и Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор.

На работилницата вработените имаа можност да научат за сајбер закани, ризици, предизвици, но и алатки за заштита и превенција. Воедно, имаа можност на интерактивен начин и преку дискусија да вежбаат преку сценарија на сајбер напади како да реагираат и на што треба да внимаваат.

Во рамки на работилницата беа вклучени и студенти од ФИНКИ како поддршка на настанот и споделување добри пракси.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...