spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена на повисок лимит по корисник

УЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена на повисок лимит по корисник

Управата за јавни приходи ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека е извршено нејзино прилагодување согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица објавен во „Службен весник на РСМ“, бр.65/2023 на 23.03.2023 година.

Ова значи дека сите корисници на МојДДВ, ќе треба да ја превземат новата верзија на апликацијата од PlaystoreAppstore и Huawei appgallery. Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. Исплатите со зголемен максимален износ од 2100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава ќе се реализираат во мај.

Во моментов апликацијата МојДДВ, ја користат 523 673 граѓани a бројот на нови корисници секојдневно расте. Од почетокот на мерката до денеска, кај граѓаните се вратени близу 6 милијарди денари.

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи 

Прочитајте

МТ: Николовски – Нема да дозволиме ПОШТА да колабира поради приватни...

0
Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот Николоски во поткастот...