spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Субвенции за санација на постоечки лифтови и поставување на нови лифтови

Карпош: Субвенции за санација на постоечки лифтови и поставување на нови лифтови

Со финансиска средства во висина од 4 милиони денари кои ги обезбеди од својот буџет, Општина Карпош од денеска започна акција за субвенционирање за  поправка и санација на постоечки лифтови и поставување на нови лифтови на станбени згради за колективно домување на своја територија. По тој повод Општината објави Јавен повик кој  ги содржи Правилникот за условите, критериумите, видот и начинот на финансиска поддршка за таа намена. Субвенциите ќе се доделуваат по принципот прв дојден – прв услужен, се до исцрпување на средствата. Висината на субвенциите ќе изнесува најмногу до 50%, но не повеќе од 500.000 денари од вкупниот износ на вредноста за поправка и/или санација на постоечкиот лифт или поставување на нов лифт.

Притоа, процесот ќе содржи услови и критериуми за субвенционирање и категоризација на згради. Имено, потенцијалните корисници на субвенцијата треба во целост да ги  исполнат општите услови според кои треба да се регистрирани како заедници на сопственици  или пак со заедницата да управува правно лице – Управител. Тие треба да достават и имотен лист (не постар од шест месеци) со кој се докажува сопственоста на станот. Како кусо појаснување – потребно е да се достави имотен лист  за секој стан засебно, со кој ќе се потврди сопственоста на апликантите (најмалку 50%  плус еден сопственик од сите станари во зградата).

Како посебни услови  кои треба да бидат целосно исполнети од страна на потенцијалните корисници на субвенции од овој вид, се вбројуваат предиспозициите дека станбените згради треба да бидат постари од 25 години и доказот за староста на објектот да биде потврден со Изјава на нотар или со достава на купопродажен договор за стан. Заедницата на сопственици треба да достави и доказ дека има отворено сметка за резервен фонд, да има донесено одлука за избор на најповолна понуда за изведувач и за надзор на изведба за поправка и санација на постоечки или поставување  на нов лифт.

 

Со оглед на тоа што процесот на субвенционирање се заснова врз начелата на објективност, транспарентност и ефикасност, Општина Карпош го објави јавниот повик во два дневни весници, а во електронска форма го постави на официјалната веб страница на Општината. Оттука општинските служби ќе истакнат и известувања во печатена форма, на сите јавни објекти во локалната самоуправа.

Процесот на евалуација на пристигнатите апликации ќе го утврдува 11 члена Комисија, која ќе врши увид во соодветноста на пристигнатата документација, по што ќе доставува и извештај за својата работа до градоначалникот на Општина Карпош. Листата на потенцијалните корисници на субвенции ќе биде објавена на веб страницата на Општина Карпош и на огласната  табла на Општината, а дополнително ќе биде доставено и известување до секој апликант посебно, со соодветни податоци за постапката и насоки за евентуална понатамошна постапка. Сите апликанти имаат право по објавата на потенцијалните корисници на субвенцијата, да вршат увид во доставената документација и повлекување на истата.

Јавен повик (ЛИНК)

Апликација (ЛИНК) 

Правилник (ЛИНК) 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...