spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиКССКСС: Финална конференција - Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на...

КСС: Финална конференција – Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на влијанието на Ковид 19 кризата

Се одржува финална конференција која ја организираше Конфедерацијата на слободни синдикати во склоп на проектот  Зајакнување на улогата на синдикатите во ублажувањето на влијанието на Ковид 19 кризата кој го спроведува заедно со Европската конфедерација на синдикати.

Оваа конференција имаше за цел да ги изнесе заклучоците  кои КСС ги доби за време на спроведување на проектот, а се однесуваат на улогата на синдикатите и начините на кои  самите тие можат да ја зајакнат својата улога и да го ублажат  влијанието кое го имаше ковид кризата.

Во склоп на овој проект беше поттикнат социјалниот дијалог со тоа што се реактивираа активностите на оние локални економско социјални совети кои мируваа  и се даде иницијатива за формирање нови, се поттикна дигитализација за полесно функционирање на синдикатот, се направи мобилна апликација и се изработи стратегија за понатамошно функционирање на синдикатот.

На конференцијата присуствуваа претставници од Министерство за труд и социјална политика, Заедница на единиците на локална самоуправа- ЗЕЛС,  претставник од Собранието, Македонско здружение за човечки ресурси, Македонско здружение за заштита при работа, Меѓународна организација на труд, Бизнис конфедерација на Македонија, Унија на автономни синдикати на Македонија, Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници како и членови на гранските синдикати при КСС. Имаше и претставници од Меѓународната конфедерација на синдикати  и РСС Солидарност кои се вклучија преку zoom апликацијата.

Претставникот од ЗЕЛС, Миле Стојановски спомена дека ги користат сите институционални капацитети за подобрување на состојбата на работниците: ” Покажавме дека почитувањето на колективниот договор, што претставува Устав  за работничките права, може да се почитува и не е тешко ако се сака, ако ги губиме луѓето  ја губиме институционалната меморија и капацитет”

Претставничката од Собранието, Дафина Стојановска кажа дека последиците од ковид кризата се големи и дека дури и во иднина ќе се чувствуваат последиците  и дека сите сме одговорни за справување со состојбите со кои се соочуваме. Истакна дека ја поддржува борбата која веќе подолг период ја води КСС, со надеж дека во иднина ќе се дојде до консензус за усвојување на стратегии  кои не би се менувале за да може да се почувствуваат придобивките за работниците.

Присутен беше и професорот Лазар Јовевски од  катедрата за трудово право на Правниот факултет  кој воедно ја изработи стратегијата која беше претставена, истакна дека последиците од ковид кризата се многу големи во однос на колективното преговарање, но тоа треба да го гледаме како можност за инвентивно делување. Воедно како синдикалец смета дека синдикатот мора да биде вклучен во справувањето со последиците од кризата и стратешки да се позиционира во социјалниот дијалог. КСС делува на тој начин за што доказ е и денешнава конференција.

Свое излагање имаше и Овен Тудор од Меѓународната конфедерација на синдикати кој истакна дека од аспект на пост ковид период од големо значење е  континуирано да се работи кон одржлив и цврст развој, еднаквост помеѓу заедниците во справувањето со последиците од пандемијата, привлекување на млади работници во синдикатите. Спомена дека е многу значајна работата на локалните економско социјални совети и дека оваа конференција е доказ дека КСС постојано работи, се подготвува и ги обучува своите членови да бидат подготвени доколку се соочиме со слична  ситуација.

Од дискусијата која се водеше во текот на целата конференција се дојде до заклучок дека Конфедерацијата на слободни синдикати има активно учество во подигање на синдикалната свест на повисоко ниво, носител е на борбата за подобри работнички права во државата и дека има стратегија за како  во иднина да се унапреди синдикалното делување, да се унапредат работничките права кои  постојано се прекршуваат и дека сплотеноста меѓу членовите е клучот за надминување на сите кризи.

 

 

 

 

 

Извор: Конференција на слободни синдикати на Македонија 

Прочитајте