Министерот за правда Кренар Лога одржа работна средба со министерката за правда на Австрија , Алма Задиќ. Австрија ја поддржува Република Северна Македонија на патот кон Европската Унија.
Лога и Задиќ потпишаа заедничка изјава за соработка на двете министерства во областа на заштитата и спроведувањето на принципите на владеење на правото, реформите во областа на граѓанското и кривичното право , борбата против корупцијата, дигитализацијата на правосудството. Министерите се договорија ,Австрија преку свои експерти да го пренесе своето знаење и искуство, вклучувајќи професионални обуки на судиите и обвинителите.
Министерот за правда Кренар Лога рече дека секоја помош на Австрија е добредојдена за натамошниот развој на државата. Министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ му посака успешна работа на министерот Лога и порача дека фокусот на регионот треба да биде насочен кон борбата против корупцијата и спроведувањето на реформите.