spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниШтип: Посветено, ЗА позелен град

Штип: Посветено, ЗА позелен град

Вработените во Општина Штип и јавните претпријатија, реализираа заедничка акција за засадување на неколку илјади садници црн бор на месноста „Kумлак”.

Со оваа акција ќе ги зголемиме зелените површини, позитивно ќе влијаеме за почист воздух во нашиот град и подигнување на јавната свест, а ќе го унапредиме квалитетот на животната средина, преку пошумување и раззеленување на градот и околината.

Оваа акција е само почеток на низа активности во периодот што претстои, бидејќи единствен одбранбен систем и механизам за здрава средина се зелени површини насекаде околу нас.

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...