spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Состанок на Мрежата на Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат...

МЖСПП: Состанок на Мрежата на Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка одбележана 20 годишнината од нејзинато формирање

Започна Третиот состанок на Мрежата на Монтреалскиот протокол за земјите од Европа и Централна Азија (ECA), кој до 29 април се одржува во Охрид. Во рамки на настанот, на Министерството за животна средина и просторно планирање му беше доделена награда за успешно координирање на активностите поврзани со имплементација на Монтреалскиот Протокол.

Со состанокот на земјите од Европа и централна Азија, се одбележува 20 годишнината од првиот состанок на Мрежата, која овозможува континуирана соработка и споделување на искуства при имплементација на Протоколот. Интересно е да се спомене дека оваа Регионална мрежа е формирана пред 20 години во Охрид, на иницијатива на нашата земја.Montrealski protokol_1

Mинистерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, во своето обраќање истакна дека Министерството за животна средина во последните 26 години вложува континуирани напори за намалување и елиминирање на супстанциите кои ја осиромашуваат озонската обвивка.Montrealski protokol_2

– Спроведени се голем број инвестициски и демонстративни проекти, развиен е одржлив систем за обновување и рециклирање на средствата за ладење и е  организиран увоз и извоз на средства за ладење, како и на опрема што содржи средства за ладење. Последните добиени резултати покажуваат дека во Република Северна Македонија се елиминирани 99,95% од потрошувачката на ваквите супстанции – рече министерката Шукова.Montrealski protokol_3

Нашата држава редовно учествува во активностите за подобрување на функционирањето на Мрежата, разменувајќи искуства и информации со земјите од Регионот. Министерството за животна средина и Канцеларијата за заштита на озонската обвивка активно работат на успешна имплементација на обврските зададени со Монтреалскиот Протокол и неговите Амандмани.Montrealski protokol_4

Континуираната поддршка на засегнатите чинители, контролата на увоз и извоз на загадувачките супстанции, поддршката на шемата за собирање и рециклирање, соодветните обуки и работилници се само дел од активностите кои се спроведуваат со цел навремена редукција и елиминација на супстанциите контролирани од Протоколот.Montrealski protokol_5

Учесниците на Мрежата на Монтреалскиот протокол за земјите од Европа и Централна Азија (ECA), исто така, во Охрид, ќе имаат можност и да присуствуваат на Меѓународната конференција за ладење  со амонијак и CO2, која ќе се одржи од 27-29 април, со што ќе имаат можност да разменат искуства и знаења со експертите од оваа област, со што уште еднаш ќе ја потврдат подготвеноста на сите инволвирани страни да ја зајакнат соработката на сите нивоа.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Карпош: Инспекциските служби во Штип на седницата на Здружението на комунални...

0
На 22.11.2024 год.во Хотел Изгрев претставници од инспекциските служби на Општина Карпош присуствуваа на 6-та седница на Извршниот и Надзорниот одбор на Здружението на...