Со цел јакнење на здравствените капацитети преку континуирана едукација на вработените во здравствените установи се одржа првата обука на техничкиот персонал одговорен за хигиената за мерките на епидемиолошките превенција и контрола на интрахоспиталните инфекции.
Вложувајќи во континуирана едукација на персоналот со цел следење на епидемиолошките препораки за чистење, дезинфекција и стерилизација и навременото превземање на мерки за превенција на болнички стекнати инфекции, може да се намали ризикот за истите до 70%.
Дополнително, формирана е и работна група за интрахоспитални инфекции чија цел е да ги усогласи постоечките законски и подзаконски акти со европското законодавство и ЕУ директивите наменети на оваа проблематика.
Извор: Министерство за здравство