Ален Рустемовски и Аријан Исени се нашите презентери на Светското сениорско првенство во бокс, кое од 01-15 мај ќе се одржи во Ташкент, Узбекистан.
Во присуство на тренерот Јове Петровски и нашиот поранешен боксер и потпретседател на Боксерска федерација Фатон Салиху, двајцата боксери ги презентираа своите очекувања од настапот на најголемото светско натпреварување.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски истакна дека очекува успешен настап, и дека престојното светско првенство е одлична можност за презентација на македонскиот бокс.
Ален Рустемовски ќе настапи во категорија до 57 кг, а Исени во категорија до 80 кг.
Извор: Агенција за млади и спорт