spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Европската клубска шампионка во таеквондо на прием

АМС: Европската клубска шампионка во таеквондо на прием

Директорот на Агенцијата за млад и спорт Наумче Мојсовски ја покани нашата натпреварувачка во таеквондо Мила Рељиќ која со само 19 години е 11-та на светската ранг листа и сериозен кандидат за обезбедување на олимписка норма.

Златните медали  од Г1 турнир во Скопје,  Светското клубско првенство  во Талин- Естонија, Израел, деветото место од Светското  во Мексико, како и бронзите од Загреб и Црна Гора, како и претстојните настапи на Светското првенство во Баку и Европските Олимписки игри во Краков,  се причини за  кои Агенцијата организираше прием за Мила и нејзиниот тренер Александар Ефтимов.

-Поддршката кон спортистите и националните спортски федерации е нешто што е приоритет во работата на Агенцијата за млади и спорт, особено кога се во прашање спортисти од кои многу се очекува во иднина. Задоволство е да се дебатира за врвни резултати и остварувања, истакна Мојсовски.

Тренерот Ефтимов е задоволен од формата во која се наоѓа Мила и реални се очекувањата кога станува збор за обезбедување олимписка норма, за која е многу битен резултатот од Баку и Краков и учеството и остварениот пласман на престојниот Г1 турнир во Рим закажан за јуни.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

Демир Хисар: Буџетски Форум за 2025 година

0
Општина Демир Хисар организира буџетски форум за урбаната и месните заедници во општината, со цел нивните предлози да бидат земени во предвид при изготвувањето...