spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Склучен Меморандум за соработка со Сојуз – Национален совет за родова...

Центар: Склучен Меморандум за соработка со Сојуз – Национален совет за родова рамноправност

Градоначалникот Горан Герасимовски потпиша Меморандум за соработка со директорката на Сојуз – Национален совет за родова рамноправност, г-а Савка Тодоровска и разговараа за понатамошните заеднички активности што ќе се имплементираат во Општина Центар.

Активностите ќе опфатат унапредување на родовата еднаквост и различност, како и подобрување на услугите и пристапот до сервисите на ранливите групи, особено на жените жртви на семејно и родово-базирано насилство.

Преку соработката со НСРР, жителките на Општина Центар ќе добијат бесплатна психо-социјална и правна поддршка во специјализирано советувалиште за жени жртви на семејно и родово-базирано насилство. Додека, секој граѓанин може да пријави насилство на националната, бесплатна, мобилна СОС линија на 141700, која што е достапна 24 часа и гарантира доверливост за жртвите и сведоците на насилството.

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

МЗ: Со новата Биолошка терапија, подобрен квалитетот на живот на пациентите...

0
-Чест ми е што со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе...