spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Продлабочување на регионалната соработка во областа животна средина

МЖСПП: Продлабочување на регионалната соработка во областа животна средина

Заменик министерката Христина Оџаклиеска денес, во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање оствари работен состанок со помошник минстерот за испекциски надзори на Република Србија, Дејан Фурјановиќ и директорот на Државниот инспекторат за животна средина на РСМ Сретен Стојковски.

На состанокот се разговараше за транспонирање на европското законодавство во двете држави при зачувување и унапредување на состојбата со животната средина, конкретно во делот за инспекциски надзор и беше разгледана моменталната состојба и предизвиците со кои се соочуваат инспекторатите за животна средина во двете соседни  држави, при зачувување и унапредување на состојбата со животната средина.

И двете страни се согласија дека има потребата од поблиска соработка и координација помеѓу Државните инспекторати за животна средина на двете држави, за превентивно делување и навремен и соодветен одговор на предизвиците со кои се соочуваат надлежните институции во С. Македонија и Србија во зачувување на животната средина, и при превенција и контрола на загадувањето, во интерес на граѓаните од двете страни на границата.

Државниот Инспекторат за животна средина во периодот од 9 – 11 Мај во Скопје беше домаќин на работен состанок со 5 експерти од Италија, Холандија и Србија во рамки на Проектот на Европската Мрежа на инспекторатите за животна средина IMPEL-NPRI (Иницијатива за Национална Ревизија) со кој ќе се помогне на македонскиот и српскиот инспекторат за животна средина за поефикасно спроведување на законодавството од областа на животната средина, а воедно беше одржана и билатерална средба помеѓу македонската и српската инспекција за животна средина за продлабочување на соработката.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...