При денешната средба на министерката за животна средина просторно планирање Каја Шукова со градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари се разговараше на повеќе теми меѓу кои и за предизвиците со кои се соочува општината во заштитата на животната средина. Акцентот беше на функционирањето на Регионалниот систем за управување со отпад во Полог.
Беа разгледани можности, како Министерството да и помогне на општината во надминувањето на конкретните проблеми што го попречуваат одржливото управување со отпад и функционирањето на системот.