spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Имплементација на активностите од годишниот план за соработка со УНИЦЕФ

МЗ: Имплементација на активностите од годишниот план за соработка со УНИЦЕФ

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева, денеска, оствари работна средба со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ДиЏовани.

На средбата се разговараше за имплементацијата на активностите од годишниот план за соработка потпишан меѓу Министерството за здравство и УНИЦЕФ, со акцент за унапредување на менталното здравје кај децата и адолесцентите.

Исто така, се разговараше за зголемување на процентот на имунизацијата за редовните вакцини и други активности, кои ќе го подобрат квалитетот на здравствените услуги, здравјето и благосостојбата на децата во нашата држава.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...