HomeСамостојни органиАПЈ: Во просториите на Управата за водење на матични книги се одржа...

АПЈ: Во просториите на Управата за водење на матични книги се одржа работна средба со тимот на Агенцијата за примена на јазикот, предводен од нејзиниот директор Муслиу

spot_img
spot_img

Од нивна страна добивме безрезервна поддршка од технички аспект за имплементација на албанскиот јазик во нашата институција.

Ги информиравме дека во рамките на нашите можности, ресурсите со коишто располагаме како управа, имаме голем напредок во насока на спроведување на двојазичноста, но овој процес мора да продолжи до највисоко професионално ниво.

Се договоривме за во иднина сè што имаме за уредување, превод на конкретни термини и слично да ги испраќаме до Агенцијата во електронска форма, во интерес на ефикасноста и ефективноста.

Им се заблагодаривме за поддршката што ни ја даваат и ги уверивме дека Управата како инситуција и сите вработени во неа ќе дадеме сè од себе за спроведување на двојазичноста во институцијата.

 

 

 

 

Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте