spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Закон за просторно планирање е во завршна фаза на изработка

МЖСПП: Закон за просторно планирање е во завршна фаза на изработка

Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање, Неби Реџепи, одржа работен состанок со работната група за изработка на новиот Закон за просторно планирање.

Законот, чија работна верзија е во завршна фаза, е првиот самостоен Закон за просторно планирање во државата кој ќе ги дефинира целите, начелата и правилата за просторно планирање, учесниците кои работат во оваа област и кој треба да обезбеди одржлив просторен развој преку соодветно уредување на намената, користењето, организацијата и уредувањето на просторот на државно, регионално и локално ниво.

По финализирањето на нацрт-текстот, што се очекува да биде наскоро, следи спроведување на консултации со стручната фела, засегнатите страни и пошироката јавност, пред истиот да влезе во правно административна процедура за негово донесување.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

МЖСПП: Швајцарија ќе ја поддржи Северна Македонија во управување, користење и...

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и...