HomeМинистерстваМЗ: Кон трансформација на здравствениот систем – Национален форум за здравство

МЗ: Кон трансформација на здравствениот систем – Национален форум за здравство

spot_img
spot_img

Здравствена правичност, кохезија и отпорност во Северна Македонија: Кон трансформација на здравствениот систем“ –ова е темата на Националниот форум за здравство на кој свое обраќање имаа министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и заменик министерката д-р Маја Манолева.

 

– Веќе подолг период со поддршка од агенциите на ОН и другите развојни партнери, се обидуваме да изградиме систем на примарна здравствена заштита кој е способен да обезбеди висококвалитетна нега што ги задоволува потребите на населението, за што беше потребна соодветна правна рамка. Верувам дека сите заеднички напори ќе помогнат да се подобри здравјето на населението, да се зголеми пристапот до здравствена заштита, особено за ранливите групи, тоа мора да биде еден од нашите приоритети во иднина, истакна Меџити во обраќањето.Д-р Манолева во обраќањето истакна дека фокусот е на системските промени кои бараат подолг временски период, на пример, надградба на додипломско и постдипломско медицинско образование, како и развој на нови сојузни здравствени професии како нутриционисти и подијатристи кои се потребни за пациентите да се справат со нивните неинфективни болести или состојби.На форумот има учесници од голем број сектори, здравствени установи, претставници од локални власти, но и претставници од невладиниот сектор, од граѓанските и професионалните здруженија, кои од свој аспект може да дадат значаен придонес кон надминување на предизвиците во оваа област.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија