spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: „Волшебниот свет на книгата – проект на Општина Ѓорче Петров...

Ѓорче Петров: „Волшебниот свет на книгата – проект на Општина Ѓорче Петров посветен на воведување на децата во светот на книгата

Во организација на градинката „Росица“ од Општина Ѓорче Петров денеска се одржа едукативниот настан насловен „Волшебниот свет на книгата“ со возрасните групи од 5-6 год од сите шест објекти заедно со учителките, стручните соработници и негователките.

Настанот беше организиран со цел истакнување на книгата и пишаниот збор како важен елемент во развојот на детето, наспроти се почестата употреба на мобилни телефони кај најмладите како едукативен елемент.

Во Центарот за култура на Општина Ѓорче Петров присуствуваше и градоначалникот Александар Стојкоски кој истакна дека ова е одличен настан со цел да се збогатат детските знаења за светот на книгите.

-Исто така, целта е дечињата да го сознаат патот на  изработката на една книга, како и развивање на креативноста и интересот на децата за поттикнување и стекнување навика за читање. Општина Ѓорче Петров секогаш е поддржувач на вакви настани кои имаат за цел правилно насочување и развој на нашите најмлади жители – додаде Стојкоски.

Проектот беше реализиран со различни активности кои ги воведоа децата подлабоко во светот на книгата, а тоа предизвика силен интерес кај најмладите. Книгите ги мотивираа децата да изработат на насловни страни на омилените бајки, јунаци, животни, како и драматизирање на омилените текстови.

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте

ДКСК: РАБОТИЛНИЦА ЗА ДИСКРЕЦИОНИ ОВЛАСТУВАЊА И НАЧИНИТЕ НА КОИ МОЖЕ ДА...

0
На 09.10.2024 година во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата беше организирана работилница на тема “Дискрециони овластувања и начините на кои може...