За прв пат во општина Илинден се одржа велосипедска тура ,,Експедиција низ срцето на Илинден 2023” која е во организација на Здружението МТБ Илинден а со поддршка на Општина Илинден.
На настанот учествуваат околу 100-тина велосипедисти од цела Македонија а стартната позиција, каде присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и им посака успешно возење, беше од пред спортската сала Гоце Делчев во општина Илинден. Велосипедската тура се вози по асфалтен и земјен пат низ пределот на општина Илинден во должина од околу 45 км.
Турата се вози групно со попатни паузи, кај манастирот во Дељадровци, манастирот во Бучинци, манастир кај Ајватовци и крајната цел спортската сала Гоце Делчев. Оваа велосипедска тура се класифицира како средно тешка и потребна е претходна физичка подготвеност за да се стигне до целта.