Општина Илинден интензивно работи на обнова и поставување на нова урбана опрема. Во изминатиот период во неколку населени места поставени се клупи, канти за отпадоци, реконструкција на заштитни огради, со цел разубавување на просторот и создавање квалитетни услови за одмор и рекреација на сите жителите.
Во рамки на овие активности изградени се симболични скали со заштитна ограда, кои водат од локалниот пат во населеното место Бучинци до црквата Света Троица. Скалите се изградени во соработка со црковниот одбор, а во нивна близина направено е одморалиште со клупа и корпа за отпадоци.
Во населеното место Мршевци на фудбалското игралиште поставени се две нови кабини за играчите, заменета е заштитната ограда со нова околу игралиштето.
Во населеното место Марино покрај пешачко-велосипедската патека поставени се две нови фонтани за пиење вода, со цел разладување на минувачите и рекретивците во топлите летни месеци, а во близина на новиот кружен тек на ул.8 и ул.9 поставена е нова автобуска постојка.
Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со поставување на нова урбана опрема, уредување на просторот, засадување на зеленило во сите населени места со цел разувабување на секој дел од Општината.
Извор: Општина Илинден