Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022/2023 година, вкупниот број ученици и студенти сместени во домовите за ученици во основното и во средното образование и во студентските домови изнесува 5 877, што претставува зголемување за 6.5 % во однос на 2021/2022 година. Во домовите за ученици што посетуваат средни верски училишта се сместени 124 ученици.
Со годишните извештаи се опфатени 36 домови: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови.
Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитание на ученици и студенти кои за време на школувањето се надвор од местото на постојано живеење на родителите/издржувателите.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk
Извор: Државен завод за статистика























