spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Градоначалник на градот Хурт во посета на општината

Охрид: Градоначалник на градот Хурт во посета на општината

Градоначалникот Кирил Пецаков  оствари протоколарна средба со Дирк Бројер, градоначалник на градот Хурт, кој е сместен во областа Северна Рајна-Вестфалија во Германија.

Главна тема на средбата беа можностите за зајакнување на соработката помеѓу Охрид и Хурт на повеќе полиња. Градоначалниците разговараа за позитивното влијание на германските странски инвестиции во Охрид, врз локалната економија и стандардот на граѓаните. Исто така, во рамки на средбата се дискутираше и за даночната политика на локалните самоуправи во Македонија и Германија.

Градот Хурт е лоциран на околу 6 километри југозападно од центарот на градот Келн, на североисточната падина на природниот резерват Котенфорст-Вил. Градот се состои од тринаесет области и е распространет на релативно голема површина.

 

 

 

 

Извор: Општина Охрид 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...