HomeОпштиниЃорче Петров: Ќе се реконструира ул.„Радушка“ од последна „5-ка“ до гробиштата

Ѓорче Петров: Ќе се реконструира ул.„Радушка“ од последна „5-ка“ до гробиштата

ПОТПИШАН Е ДОГОВОР ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ.РАДУШКА ВТОРА ФАЗА – ДЕЛОТ ОД ПОСЛЕДНАТА АВТОБУСКА СТАНИЦА 5-КА ДО КРСТОСНИЦАТА КАЈ ГРОБИШТАТА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Проектот опфаќа целосна реконструкција на коловозот и пешачките патеки во должина од приближно 500 метри, ново улично осветлување и хоризонтална и вертикална сигнализација. Вкупна вредност на инвестицијата е 17.376.167,00 денари, средства обезбедени преку програма на Министерство за транспорт и врски.

Општина Ѓорче Петров веќе работеше на урбанизирање на овој дел од општината. Улицата „Радушка“ неодамна доби целосно нова атмосферска и фекална канализација. Атмосферската мрежа на улицата е целосно изработена и тоа во должина од 2.100 метри, а од фекалната мрежа останати се 700 метри за изградба.

Проектот се реализира со одлична динамика, се изведува фазно, а во наредниот период ќе работиме на обезбедување средства за целосна санација.

 

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

МС: Ристовски – За две години реализирани и започнати 60 спортски...

0
Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска, на прес-конференција во Владата, даде отчет за сработеното во изминатите две години од формирањето на Министерството за спорт,...